Со сателитски трансмитери ќе се штитат царските орли во Македонија

Пет сателитски трансмитери беа поставени на млади грабливки птици од видот царски орли во Македонија од страна на унгарско орнитолошко друштво во соработка со Здружението за зучувување на природата „Аквила” од Кавадарци.

Трансмитерите се напојувани од соларни келии и можат со години да испраќаат точни координати за движењето на облежаната птица.

- Со трансмитерите очекуваме дека ќе добиеме податоци за териториите на миграција кои досега се потполно непознати, но и за проблемите со кои младите орли најчесто се среќаваат,рече Емануел Лисичанец од „Аквила”.

- Според најновата се уште необјавена ДНК студија на видовите, македонските царли орли сочинуваат единстцена ендемична под врста, така да нивното зачувување е многу поважно отколку што досега се мислеше, рече Лисичанец.

Царските орли во Македонија се гнездат во централниот и јужниот, претежно степски дел од земјата. Најчесто на големи дрва во низините или речните долини, но во последно време поради недостаток на погодни дрва се гнездат и на високонапонските далекуводи. Главни фактори на загрозување се перманентното уништување на стаништата, сечењето на погодните дрва, а со тоа намалување на можностите за гнездење, недостатоик на храна заради интензивно хемиско третирање на полињата, смртност од струен удар заради необезбедените електрични столбови, хаотичната нелегална употреба на отрови, вознемирување.

ФОТО: Канал 5