Кумановчанец и го скршил носот на своја познаничка

Вчера во Куманово било пријавено дека пред неколку денови кумановчанец ја претепал и и го скршил носот на своја пријателка и сограѓанка, пренесе Нова Македонија.

Откако 41-годишната кумановчанка завршила со работа и си тргнала дома, ја пресретнало возило марка Ауди кое го возел нејзин познаник, и почнало да ја следи, а во еден момент кумановчанецот и рекол да застане на својата познаничка. Таа влегла во возилото, по што започнале вербална расправија, при што насилникот толу се разбеснел што ја претепал и и го скршил носот.

Потоа, кумановчанецот и се заканувал на исплашената жена дека лошо ќе помине ако случајот го пријави во полиција.

Кумановската полиција превзема мерки за откривање на сторителот.

најчитано сега