Драма во Србија: Сакале да ја иселат од нејзиниот стан, па се заканувала дека ќе скокне од тараса
Жена сакала да се фрли од тараса во Белград. Драмата започнала уште утрово кога судскиот извршител дошол на улицата „Зграда“ во Белград за да се исели самохраната мајка Данка. Г која во станот живеела уште од 2014 година. Со неа живее и нејзината 11-годишната ќерка.
Бидејќи одбила да се исели од нејзиниот стан, таа излегла на тарасата и се заканувала дека ќе скокне. Со оглед на сериозноста на нејзината состојба, на лице место била повикана полицијата.
Како што пренесуваат српските медиуми, Данка тврдела дека го купила станот уште во 2012 година и дека поседува купопродажен договор. Во меѓувреме се јавиле купци кој истиот тој стан го купиле први. Тие на суд го добиле случајот и пресудата била дека жената мора да се исели.
Извршителите, откако таа не сакала да се симне од терасата, го одложиле извршувањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа