ФОТО: Дамјановски и Спасовски со музика пуштија уличка во употреба, кумановци се потпишуваа за книгата на жалост за загинатите припадници на безбедносните сили
За момент вчера Куманово и Македонија се потсетија на немилите настани од пред една година, на 9-ти и 10-ти мај 2015-та. Во антитерористичката акција во Диво Насеље осум припадници на македонските безбедносни сили го положија животот во одбрана на нашата земја и нашиот народ. Пред се за мирот во кој што денес живее Куманово, пишува Курир.мк
Локалните власти не се одважија на достоен начин да го одбележат споменот на луѓето кои што го дадоа највредното во кумановската населба „Диво насеље“. Беше положено цвеќе на „Спомен костурницата“ во чест на Денот на победата против фашизмот, беше одбележан Денот на Европа, а чествувањето во спомен на загинатите полицајци се сведе на граѓански организирана Панихида во кумановскиот соборен храм „Свети Никола“. Од првиот човек и од Советот на општината присуство на молитвата и едно големо ништо.
Затоа пак, во попладневните часови на денот кој пред една година донесе страв, незивесност и тага за цела Македонија, општинската администрација на Куманово и партиското водство на СДСМ од градот се собра на веселба.
На кобниот датум за Куманово, за Македонија и македонските херои, се славеше пуштање во употреба на новосфалтирана уличка во кумановската населба Ајдучка чешма. Со музика, бенд, двајца изведувачи свечена софра, на која доминираше печеното свинско се славеше 9 мај. Градоначалникот Зоран Дамјановски не даде никаква изјава за настаните од минатата година, но се обрати презадоволен од решавањето на овој инфраструктурен проблем.
На веселбата присутен беше и техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој одлучи 9-ти мај да го мине во весела и пријатна атмосфера со сопартијците од Куманово.
На друга страна од градот, во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“, малата сала беше преполна со луѓе кои што мирно стоеја оддавајќи им почит на загинатите полицајци од „Диво Насеље“ со минута молк. УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово организираше комеморативна вечер, на која присуствуваа првите луѓе на општинскиот комитет на партијата, како и пратеникот во Собранието од претходниот состав од Куманово, Зоран Ѓеоргиевски. Без музика, со книга на жалост во чест на загинатите припадници на безбедносните сили.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа