Анкета: Граѓаните немале притисоци на денот на избори
Високи 88 проценти од граѓаните на најновата анкета на Институтот „Павел Шатев“ се изјасниле дека не почувствувале притисок лично тие, некој од нивните блиски или од опкружувањето на денот на изборите.

Дванаесет проценти од испитаните лица одговориле дека не знаат или немаат одговор.
Според резултатите од новата анкета на „Павел Шатев“, 49.6 проценти од граѓаните се изјасниле дека на наредните парламентарни избори ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, додека 20.2 проценти од испитаниците сметаат дека победата ќе ја однесе СДСМ.
Институтот „Павел Шатев“ новата телефонска анкета ја спроведе во периодот помеѓу 6 и 8 мај 2016 година на 1 070 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања во Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа