Коалиција за промени и правда: Избори по шест месеци
Коалицијата за промени и правда (Демократски сојуз, ФРОДЕМ, МОРО-РП И ДЕМОС), очекуваат свикување седница на Собранието заради и формално одлагање на изборите и избор на Влада, со што ќе започне процесот на стабилизација, соопшти денеска оваа коалиција.
- Наместо листи за кандидати за пратеници, на Македнија и е потребна експертска и пред се реформска Влада, која ќе ја стабилизира состојбата и ќе спроведе раформи во медиумите, правосудниот систем (реизбор на сите судии и обвинители), безбедноста, како и целосна деполитизација и департизација на државните институции, стои меѓу другото во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа