Какво време не очекува утре?

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во западните делови ќе биде променливо облачно со услови за локален дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец кој повеќе ќе биде изразен во западните делови и тоа на планините.

Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 20 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 26 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а повторно во западните делови ќе има зголемување на облачноста со услови за локален дожд. Во почетокот на наредната недела температурата на воздухот ќе има тенденција на опаѓање. 

 
 
12.05.2016 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега