Конечно: Супер вести за викендот
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, во западните делови променливо облачно, попладне со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен западен и југозападен ветер.
Температури од 20 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер.
Сабота ќе биде релативно сончева наутро и околу пладне. Попладне се очекува умерено зголемување на облачноста, но можност за врнежи ќе има само на планините во северниот регион, пред се во осоговијата, и на југ во реонот на Кожуф и Ниџе.
Ќе дува умерен југозападен ветер.
Ќе биде релативно топло, а температура ќе има максимална вредност помеѓу 20°С и 24°С во котлините во западниот и северниот крај. Југоисточниот крај очекува максимална околу 27°С.
И недела ќе биде ветровита. Наутро се очекува ведро и топло време, додека доцна попладне се можни повремени локални врнежи од дожд во северниот и западниот крај, како и во планинскиот дел долж јужната граница.Температурата во однос на сабота ќе биде само за околу 1°С пониска.
ИЗВОР: МетеоПро
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа