Одложено е судењето за „Шпион“

Судењето за случајот „Шпион“ што требаше да се одржи денеска во Апелација повторно се одложи  поради отсуството на дел од обвинетите.На Јавната седница во Апелациониот суд  немало ниту Јавен обвинител од Специјалното јавно обвинителство, кое го презеде случајот.

Денеска од Апелација  соопштиле  дека на 11 мај добиле  писмено известување од СЈО, дека нема да присуствуваат на денешната јавна седница бидејќи предметот се уште им е во фаза на на проучување.

Во судскиот процес „Шпион“ обвинети се 19 луѓе, а за првообвинет е екс разузнавачот, Марјан Ефремов кој е осуден на 15 години затвор кој се терети за шпионажа затоа што според обвинението прибирал информации за странски тајни служби. 

Новото судње се очекува да биде во јуни. 

 
 
13.05.2016 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега