Девојка уништи големо културно богатство во Македонија - погледнете како изгледа спомен куќата на Христо Узунов

Девојка од Струга пишала недоличен графит на спомен куќата на македонскиот револуционер Христо Узунов во Охрид. Станува збор за 24-годишната Ј.М. која на 30-ти минатиот месец, без повод и причина со спреј испишала недоличен и навредлив графит, по што се обидела да избега од местото.

Како што информира полицијата, испишувањето го забележал овластен работник за обезбедување кој ја повикал пријавената во службените простории.

Секторот за внатрешни работи од Охрид, во консултација и насоки од Јавниот обвинител, ги презеде сите мерки за целосно документирање и расветлување на казнено правниот настан. Извршен е разговор со пријавената а на лице место, спроведен е криминалистичко-технички увид, одземање на спрејот со кој е извршено оштетувањето на спомен куќата, а потоа и вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

 

ВИДЕО:  ohrid1.com.

 

 
 
13.05.2016 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега