Ефтов: Дестабилизацијата е почната пред повеќе од 6-7 години

Веќе 10-на години на Балканот Американците ја спроведуваат својата стратегија стабилност пред демократија сметајќи дека треба да се инвестира во одредени популистички лидери почнувајќи од Орбан во Унгарија па до Ердоган во Турција, вели новинарот Васко Ефтов во интервју за Сител.

Нив ќе им се толерираат одредени демократски фаули но ќе имаат контрола и стабилност врз државите каде што владеат.

-Тоа е сменето и сега се оди на одредена нестабилност. Тоа почна во Бугарија, ескалираше во Турција и сега се случува во Македонија. Во сите останати држави има одредени никулци и знаци, меѓутоа нема ескалација, вели Ефтов.

 
 
15.05.2016 - 20:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега