Свеченост по повод враќањето на македонските војници од Авганистан

Во текот на утрешниот ден во касарната ,,Јане Сандански” во Штип, ќе се одржи свеченост по повод враќањето на контингентот на АРМ од мировната мисија ИСАФ во Авганистан.

На воената свеченост по повод враќањето на контингентот на АРМ од мисијата ИСАФ ќе присуствуваат: Министерот за одбрана Талат Џафери, Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, Амбасадорот на САД во Република Македонија Пол Волерс, Командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Методија Величковски, Командантот Стојан Димчов, претставници од локалните самоуправи и други цивилни авторитети од зоната на одговорноста на бригадата, роднините на припадниците од контингентот и други гости.

За досегашното беспрекорно и професионално извршување на задачите, покажаната компатибилност и интероперативност со силите на Алијансата во мисијата ИСАФ, припадниците на АРМ од командата на ИСАФ и од високите командни структури на Алијансата добија највисоки оценки, заради што уживаат висок рејтинг.

ФОТО: Сител

 

 

најчитано сега