Тешка сообраќајка во Автокоманда - две возила целосно згмечени (ФОТО)

Судир меѓу две возила попладнево предизвика застој во сообраќајот на булеварот „Александар Македонски“, во скопската населба Автокоманда.

soobrakajka (3)

Од СВР-Скопје за Телеграф.мк информираа дека сообраќајката се случила околу 16 часот, а во неа учествувале автомобил „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки и автомобил „хјундаи акцент“ со скопска регистрација.

Според очевидци, двете возила биле видно оштетени, односно не биле во возна состојба, па морала да интервенира и влечна служба за да ги пренесе од местото на сообраќајката.

Од СВР-Скопје соопштија дека до овој момент не се пријавени повредени лица, а увидот треба да ги расветли причините за незгодата.

 
 
17.05.2016 - 20:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега