Лидерот на ДУИ ја поздрави одлуката на Уставен

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска ја поздрави одлуката на Уставниот суд со која, како што наведува на неговиот Фејсбук профил, ќе се овозможи повторно заседание на Собранието.  

- Ја поздравувам денешната одлука на Уставниот суд со која се овозможува враќање на работата на Собранието, како прв чекор и неопходен за решавање на сериозната политичка криза. Ги повикувам сите лидери, медиумите и граѓанското општество да дејствуваат со целосна одговорност имајќи ја предвид ситуацијата во која се наоѓа нашата земја и да се придонесе за враќање на безбедноста, стабилноста и силно да се заложат за сериозната реформска агенда,наведува Ахмети на Фејсбук. 

 
 
18.05.2016 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега