Хајндл утре доаѓа во Скопје

За Тв Нова, официјално потврдија дека амбасадорот Јоханес Хајндл, специјален пратеник на сојузниот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, утре и задутре доаѓа во посета на Скопје.

Откако Хајндл веќе беше во посета на земјава минатата недела, тој повторно ќе разговара со партиите потписнички на договорот од Пржино, како и со дел од претставниците на меѓународната заедница.

Според најавите, предвидени се разговори и со претседателот Ѓорѓе Иванов, како и со претседателот на Собранието Трајко Вељановски.

 
 
18.05.2016 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега