Крвава ноќ во Македонија: Мигрант избоден во градите

Немирна ноќ во Македонија. Во 22 часот и 35 минути во полиција било пријавено дека во селото Ваксинце,10 до 15 непознати лица, најверојатно мигранти, меѓусебно се тепале. Според Х.А. кој го пријавил настанот во полиција,  едно лице било тешко повредено.

Од болницата во Куманово било пријавено дека на хирушкото одделение бил донесен  25-годишниот С.Р. од Пакистан со повреди во пределот на десната страна од градниот кош, нанесени од остар предмет. Тој како итен случај веднаш бил препратен во Ургентен центар Скопје.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
25.05.2016 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега