Опасно: Истекува плин од цитерна пред Табановце - стопиран железничкиот сообраќај

Oд рано утринава запрен e железничкиот сообраќај кон граничниот премин Табановце, информира полицијата.
Причина за прекинот е истекување плин кој од Србија со композиција бил пренесуван во земјава.

Засега се знае дека од композицијата која брои 16 вагони, шест вагони се цистерни со плин, а од еден вагон-цистерна забележано е дека истекува плин. Поради загрозената безбедност и опасност, додека не се отстрани дефектот железничкиот сообраќај ќе остане во прекин.

 
 
25.05.2016 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега