Му се придвижил тракторот додека работел - кумановчанец го загуби животот

Вчера кумановчанец го загуби животот откако бил прегазен од трактор.

Се работи за 63-годишниот Петко А. кој товарел пченица во својот трактор кога тој ненадејно му се придвижил. Несреќниот кумановчанец иако се обидел да го запре тракторот, тој сепак го прегазил.

Петко ја загубил битката со животот на пат кон болница.

Телото е предадено на фамилијата за да биде направен погреб.

 

најчитано сега