Еден куп сообраќајки за викендот: Повредени 15 лица

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Скопје се случиле 32 сообраќајни незгоди од кои во една со потешки повредни се здобило едно лице,  во 10 сообраќајки полесно се повредени 14 лица, а 18 поминале само со материјална штета.

Сообраќајната полиција на 27 мај, петок, изврши увид на 18 сообраќајни незгоди. Од нив, 11 се со последица материјална штета, а во седум со полесни повреди се здобиле седум лица.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, на 28 мај, сабота, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди, од кои четири се со последица материјална штета, а во четири со полесни повреди се здобиле четири лица. Се случила и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а возачот на патничкото моторно возило поминал со полесни повреди.

Вчера извршен е увид на вкупно пет сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле две лица.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци. Санкционирани се 119 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, 27 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, тројца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи поминале на црвено светло на семафор и девет возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Затекнати се и осум возачи кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл не  носеле заштитен шлем.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот на изминатите три дена отстранети се 84 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

 
 
30.05.2016 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега