Ставревски го потпиша договорот за "Јужен тек"

Македонија го потпиша договорот со Руската Федерација за изградбата на гасоводот Јужен тек. Според договорот Македонија се вклучува со крак, а од каде ќе се гради дали од Србија или Бугарија треба да одлучи „Газпром“.

Денеска во Русија договорот од македонска страна го потпиша вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

- Ова е исклучителен значаен проект за нас затоа што со Јужен тек практично на долг рок се гарантира енергетската стабилност на Република Македонија, се обезбедуваат нови количини на гас, што ќе направат и проектот за внатрешна инфраструктура за пренос на гас во Македонија да добие една поголема смисла, изјави викендов премиерот Никола Груевски по повод потпишувањето на договорот.

- Сега со склучување на договорот за Јужен тек, сите други понатамошни операции за гасификација на Македонија, за градење внатрешна инфраструктура на гасоводи добива смисла во вистински правец, додаде Груевски.

Инаку, гасоводот „Јужен тек“ треба да заврши до 2015 година, кога ќе протечат првите количини гас кон Централна и Јужна Европа. 

ФОТО: Либертас

најчитано сега