Нема надминувања на граничните вредности за квалитетот на воздухот во Скопје, осевен благо надминување во Лисиче

Според податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух - ДАМСКАВ, во периодот од 10 до 12 септември 2025 година не се регистрирани надминувања на граничните вредности за SO₂, NO₂, CO и O₃, соопшти Министерство за животна средина и просторно планирање .
„Надминување на среднодневната гранична вредност за РМ₁₀ (50 μg/m³) е забележано:
- на мерното место Лисиче на 10.09.2025 со концентрација од 55.93 μg/m³, особено во вечерните и ноќните часови (19:00–02:00);
- на мерното место Центар на 11.09.2025 со концентрација од 50.41 μg/m³.
Воопшто, часовните концентрации на РМ₁₀ се релативно ниски на повеќето мерни места во Скопје, со исклучок на Лисиче, каде што се забележани повисоки вредности во ноќните и утринските часови, додека попладне концентрациите се пониски“, се вели во соопштението на Министерство за животна средина и просторно планирање .
12.09.2025 - 17:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа