Силен земјотрес ја погоди Хрватска
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес во 14:14 часот, во Хрватска.
Според последните информации, епицентарот на земјотресот се наоѓа во близина на Глина и Петриња.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Да потсетиме дека во 2020 година, силен земјотрес ја погоди Хрватска во Петриња, во кој имаше и жртви.
12.09.2025 - 15:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа