Гостиварчанец прободен со нож при тепачка

Вчера околу 22 часот и 30 минути на улицата ЈНА во Гостивар настанала тепачка помеѓу две групи насилници.

Од една страна се работи за 24-годишниот А.Д. 23-годишниот Ј.С. 22-годишниот Н.Л. 23-годишниот Л.Б. 24-годишниот М.Д. и 19-годишниот Е.А. и од друга страна 22-годишниот Н.А. 22-годишниот А.Ј. 23-годишниот Ф.И. 22-годишниот Х.Б. и 19-годишниот Е.А.

Во тепачката помеѓу двете групи насилници со нож му е нанесена убодна рана на А.Д. во пределот на левата надлактица. Ј.С. и Н.Л. се здобиле со расекотини во пределот на рацете, додека со тврд предмет бил повреден и Л.Б. во пределот на главата. Полицијата работи за целосно расветлување на случајот.

ФОТО: Сител

 

 

 

 

најчитано сега