Алекс Дујшебаев горд на својот татко: Ти си најдобар!

На големо изненадување на љубителите на ракометот во Европа, полската екипа Киелце се закити со титулата европски шампион откако во финалето на завршниот турнир славеше победа по изведувањето на пеналите против Веспрем.

Тренерот на Киелце, познатиот стратег Талант Дујшебаев, од мртвите го врати составот во игра, откако неговиот тим губеше и со девет разлика на 13 минути до крајот на регуларниот дел.

Неговиот син Алекс, кој настапува за Вардар и за шпанската ракометна репрезентација, беше воодушевен од успехот на неговиот Киелце.

– Толку сум горд на тебе! Ти си најдобар! Честитки за Киелце за титулата – со оваа порака, ракометарот на Вардар, Алекс Душебаев, му ја честиташе на својот татко, Талант Душебаев титулата што ја освои со Кјелце во Лигата на шампионите.

Веднаш по мечот Талант беше скромен како и секогаш и потенцираше дека победата е целосна на неговите играчи.

– Ракометот е во моето срце. Среќен сум, моите играчи покажаа карактер. Не ја изгубија вербата до крај. Тие се моите херои. Оваа победа е сто проценти нивен успех – изјави Талант Душебаев по освојувањето на титулата во ЛШ.

За Киелце ова беше прво финале во Келн и прва титула во Лигата на шампионите. Талант Душебаев пак е единствен во историјата што ја освоил Лигата на шампионите и како играч и како тренер. И тој е втор тренер по Алфред Гисласон што има титули во ЛШ освоени со два различни клуба, три со Сиудад Реал (2006, 2008, 2009) и една со Киелце.

1alek

 
 
30.05.2016 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега