Полиција на секој чекор - полициски хеликоптери летаат над Скопје

Судскиот процес против обвинетите за тероризам во случајот „Дива населба“ беше одложен на последното рочиште бидејќи судијата која го води предметот Верка Петковска беше на боледување. Новото судско рочиште е закажано денеска.

     Судот на почетокот на овој месец донесе одлука со овој предмет да ја  спои постапката со случајот „Молња“, односно со логистичарите кои беа уапсени пред неколку месеци. За настаните од „Дива населба“ обвинети се 29 лица, а како логистичари осум лица.

Денеска е забележано полициско присуство и полициски хеликоптери.

За потсетување, на 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група.

 
 
31.05.2016 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега