Потпишан Меморандум за унапредување на социјалната вклученост на Ромите

Денеска министерството за труд и социјална политика и Програмата за развој на Обединетите нации потпишаат Меморандум за соработка, со кој уште повеќе ќе се унапредува состојбата на Ромите во Македонија.

Овој меморандум според министерот Диме Спасов претставува уште еден чекор во унапредувањето на состојбите и положбата на Ромите во Македонија.

Со потпишаниот договор предвидено е се јакнат капацитетите на припадниците од ромските етнички заедници во земјава и ќе им се обезбеди подобар пристап до ефикасни социјални услуги и можности за развој на бизнис.

ФОТО: Влада