Министерот Тодоров отвори нов здравствен пункт во Стар Дојран

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска присуствуваше на отворањето на здравствениот пункт во Стар Дојран што е лоциран во дојранската амбуланта која работи во состав на Здравствениот дом од Гевгелија.

Здравствениот пункт постојано ќе обезбедува здравствена заштита за жителите на општина Дојран и за сите туристи почнувајќи од денеска па до 15-ти септември, односно до завршувањето на туристичката сезона. 

- За остварување на таа цел наскоро Министерството за здравство ќе распише конкурс за вработување доктори и медицински сестри, додека во летната сезона работата на здравствениот пункт ќе ја покриваат медицински екипи од Гевгелија, Струмица и Валандово.

Градоначалникот на Дојран Борче Стамов, по чие што барање дојде до реализација на проектот, изрази благодарност до Министерството за здравство и здравствените установи од Гевгелија, Струмица и Валандово за пружената помош и истакна дека ова е еден од условите Дојран да биде туристички центар преку цела година и полесно во текот на летната сезона да остварува до 100.000 ноќевања кои се зацртани како таргет на општината.

ФОТО: Кајгана

најчитано сега