„Жените си ставаат силиконски гради, јас си го зголемив пенисот и горд сум на него“ (ФОТО)

Овој оженет Британец потрошил речиси осум илјади евра на две операции за да го зголеми својот пенис за пет станиметри. Сега вели дека неговата гордост е со „големина на порно ѕвезда“.

maz-gol

25 – годишниот Леон, возач кој не сакал да го открие своето презиме, ја зголемил својата „гордост“ за пет сантиметри и вели дека е горд затоа што сега има пенис со „порно големина“. Тој тврди дека не било многу поразлично од операциите кои ги прават жените за да си ги зголемат градите.

-Мислам дека секој маж сака да биде поголем и посилен, а ако можете да го направите тоа, зошто да не? Ниту на повеќето жени не им се потребни силикони во градите, но сеедно ги ставаат, вели Леон.

-Поголемото секогаш е подобро, тоа сите го мислат, особено кога зборуваат за оружје и слични работи, додава.

go-zgolemil-penisot

Леон за оваа операција се пријавил на доктор Дејвид Милс, естетски хирург на клиниката Moorgate Aesthetics, специјализиран за зголемување на пениси.

-Операцијата била извршена под целосна анестезија, а хирургот на врвот и страничните страни од пенисот му вбризгал масно ткиво и со тоа му го зголемил обемот за околу 3.8 сантиметри, пишува британски „Mirror”.

Леон после операцијата морал секојдневно да го масира пенисот, за вбризганото ткиво рамномерно да се распореди.

Леон сега е задоволен од резултатот: „Резултатите се одлични, мило ми е што го направив тоа. Сега мојот пенис е со “порно големина’. Им реков дека сакам ’чудовиште’ и тоа и го добив“, вели овој Британец и додава дека сега не може да го опфати пенисот со раката.

Инаку, тој веднаш после операцијата го фотографирал својот „нов“ пенис и фотката им ја испратил на пријателите. „Тоа е како кога ќе купите нов автомобил, па сакате да се пофалите. И тие сакаат поголем пенис, но нема да го признаат тоа.“

Тој вели дека нема да се подложи на трета операција за зголемување на пенисот бидејќи „не сака да ја премине границата на нормалата“.

 
 
31.05.2016 - 22:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега