Пукнати глави, шок бомби, пендреци - десет повредени пред мечот Вардар-Букурешт

Десетина лица завршија во болница  пред стартот на мечот Вардар-Стеауа во рамки на квалификациите за Лига на шампиони.

Со палки, клоци и шок бомби полициските службеници удрија врз навивачите откако претходно на нив полетаа голем број камења и шишињ.

Меѓу повредените има и жени како и луѓе кои случајно се најдоа во кафеаната која се наоѓа во непосредна близина на стадионот. Инцидентите сеуште траат, а полицијата се обидува да воспостави ред околу езерцето во Градскиот парк. Најголем дел од навивачите воопшто не успејаа да влезат на трибините.

 

најчитано сега