Хаос на фудбалски натпревар во Прилеп, повредени полицајци

На градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп вчера , пред завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК-Вардар од с.Форино-Гостивар и ФК-Вардар од Неготино, навивачката група од Неготино го нарушила јавниот ред и мир.

Навивачите фрлале со камења кон источната трибина, при што биле повредени четири полициски службеници.

Приведени биле четири лица од кои три лица поради омаловажување на полициски службеници и едно лице поради фрлање на предмети кон гледалиштето. Причина било тоа што на членови од навивачката група не им било дозволено да внесуваат алкохолни пијалоци во стадионот.

Од страна на ПС ОН-Прилеп ќе бидат поднесени пријави по ЗППЈРМ и ЗСННОСН.

 
 
02.06.2016 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега