Како да постигнете сè во животот: 34-годишна атрактивна мајка на 5 деца ја открива тајната (ФОТО)

Симон Гејтли е доказ дека трудот и работата секогаш се исплаќаат и дека не постои доволно добар изговор за да не вежбате и не изгледате добро и да бидете успешна мајка.

34 годишната Симон е  вљубеница во фитнесот која има родено пет деца од кои најстарото има девет години. Истовремено таа е одлична домаќинка и посветена мајка, а сепак стигнува да вежба секој ден па дури два пати дневно.

 

majka

 

 

 

Нејзиниот ден почнува во 5 часот наутро со тренинг во теретана, а после тоа оди на прошетка со кучето или на планинарење. Симон знае како да ги спои убавото и корисното – на прошетките ги носи и децата, а најмладите две дури ги носи и со нив прави склекови.

 

majka3

 

Во текот на остатокот од денот, атрактивната русокоса ги извршува секојдневните домашни работи, подготвува здрави оброци за децата и сопругот, а денот го завршува со уште еден тренинг во теретана и лесна вечера.
-На прво место ми е грижата за децата, а потоа сè останато, вели Симон.

 

majka1

 

-Се надевам дека сите мајки на светот ќе ја прочитаат оваа приказна и ќе сфатат дека сè е возможно. Кога ќе го сфатат тоа, ќе почнат и самите да го прават истото што и јас. Кој не сака да изгледа добро, заклучува Симон.

 

majka4

 
 
05.06.2016 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега