Познатата пејачка тајно се омажи - избраникот 19 години помлад!

Австралиската пејачка Кајли Миног тајно се венчала со својот помлад избраник, британскиот актер Џошуа Сас, на церемонија, што наводно се одржала на грчкиот остров Сифнос, кој е дел од Кикладскиот Архипелаг, јави грчкиот портал Њуз.ин.

На свадбата имало гости од Велика Британија, Австралија и САД. Тие всушност, првично биле поканети на роденденот на Кајли Миног, за потоа да дознаат дека исто така ќе ја прославуваат и венчавката на двајцата младоженци.  

- Ова беше најголемото тајно чувано изненадување на светот, изјавил неименуван учесник во свадбата.

На почетокот на мај Кајли Миног беше видена на островот Сифнос со својот партнер, кој е 19 години помлад од неа. Таа неодамна на Инстаграм објави и своја фотографија со розово срце, со натпис: „беше прекрасно, Ви благодарам за вашите честитки за роденденот". 

 
 
07.06.2016 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега