Од викендов пеколни 40 степени во Македонија

Сончево, многу топло време со температура до 40 степени најавуваат за наредните денови од Упрвата за хидрометеоролошки работи.

Особено топло време се очекува во почетокот на следната недела кога температурата на воздухот на повеќе места ќе надмине 35 степени, а во југоисточните делови ќе достигне и 40 степени.

Затоа, внимавајте, ако е возможно не излегувајте, носете лесна облека, пијте многу течности...

ФОТО: Дневник

најчитано сега