Француски извидници кампуваат во дебарско

Триесетина извидници од Франција од денеска кампуваат на градската плажа на брегот на Дебарското Езеро. Извидниците кои доаѓаат од Бордо дел од летниот одмор ќе го поминат токму тука, а на ваков чекор се решиле по препораката од нивните врсници од Дебар. Притоа ќе посетат повеќе културно историски споменици, а ќе имаат прошетка и покрај преубавата Радика. Претставникот на извидниците, Французинот Алонс Штефан истакна дека е воодушевен од убавините од Маврово и доланата на Радика. 

Според него деновите минати тука за нив се посебно задоволство, кое ќе го пренесат и кај други нивни сонародници, со препорака дека овој дел од преубава Македонија мора да се посети барем и на неколку дена.

ФОТО: ribari.mk

најчитано сега