ЕВРОСТАТ: Македонците јадат најевтина и најбезбедна храна

Според анализите на ЕВРОСТАТ, во нашата земја се јаде најевтина, а воедно и најбезбедна храна, пренесе Вечер.

- Потрошувачите во Република Македонија, генерално можат да бидат сигурни дека консумираат безбедна и квалитетна храна, иако, како и во сите европски и светски земји, можна е појава на одредени проблеми, до кои најчесто може да дојде поради недоследности во производството, транспортот или складирањето и кои за инспекциските органи на Агенцијата се причина покрај редовните контроли на операторите со храна, да вршат и вонредни, засилени контроли, информираат од АХВ, пренесува Вечер.

Според анализите, во Македонија небезбедната храна не завршува на трпезите, туку на буниште: -Уништени се и 6.300 литри вода, пијалаци и безалкохолни пијалаци. Уништени се и 79.4 тони храна од животинско потекло, вклучувајќи и фалсификуван мед. Ова е резултатот од 7,204 контроли извршени во првите шест месеци од годинава. Под лупата на инспекторите биле 3.616 во слаткарници, бурекчилници, ресторани, пекарници, мелници, продавници, силоси, кетеринг, магацини за храна, производствени капацитети за шеќер, вафли, безалкохолни пијалаци, капацитети за преработка на овошје и зеленчук и други објекти каде се произведува, преработува, складира или се дистрибуира храна од неживотинско потекло. Официјалните ветеринари, пак извршиле 3.592 контроли и го наложиле повлекување и уништување на 79,4 тони храна од животинско потекло и фалсификуван мед. Тие контролирале кланици, млекарници и мандри објекти за преработка на месо, веледрогерии и ветеринарни друштва, складишта, собирни центри за јајца, за пакување на мед, малопродажни објекти, примарни производители, угостителски објекти, увозници на храна за животни и други објекти каде се произведува, преработува, складира или дистрибуира храна од животинско потекло, пишува Вечер.

Па така, Македонците можат да се пофалат дека јадат и најквалитетна и најевтина храна.

Извор: Вечер

ФОТО: Кајгана