Величковски бара пратенички клуб за поддршка на евоатлантските интеграции

Претседателот и пратеник на Либералната партија, Ивон Величковски во Собранието на поднесе иницијатива за формирање Клуб на пратеници за поддршка на европските и евро-атланските интеграции на Република Македонија.

- Веројатно го споделуваме задоволството што интеграциите на Република Македонија во Европската Унија и НАТО-Алијансата се еднакво промовирана цел на сите парламентарни партии и во овој собраниски состав и што на тој начин ја одразуваме волјата на огромното мнозинство граѓани да ја видат државата во редот на земјите-членки на Унијата и Алијансата.

Сметајќи дека овие прашања бараат не само административен, туку и процес што недвосмислено ќе ја одрази политичката посветеност на пратениците кон интеграциите и усогласувањето и градењето консензус по оваа материја, се со цел што поцелосно и побрзо интегрирање на земјата во ЕУ и НАТО, иницирам формирање Клуб на пратеници за поддршка на европските и евро-атланските интеграции на Република Македонија (Клуб) и Ве поканувам да се приклучите кон истиот, стои во иницијативата на Величковски.

Тој очекува поддршка од пратениците од сите пратенички групи.

ФОТО: Максим