Приведен насилникот кој нападна полицајци во Тетово

36-годишниот Е.Ј. синоќа половина час по полноќ, бил повикан и приведен како осомничен дека учествувал во групата што нападна и повреди четворица полицајци на улицата „Никола Тесла“ во близина на центарот на Тетово.

– Е.Ј. е осомничен дека учествувал во спречување на службено лице во вршење на службено дејство и е задржан во полициската станица во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Инцидентот се случи во 18 часот и 30 минути при обид за апсење на лице осудено на затворска казна. 

Според првичните полициски информации двајца од полицајците се здобиле со сериозни повреди по главите, скршеници, исекотини, отоци и слично и по укажаната лекарска помош во Тетово итно биле препратени на скопските клиники при што еден од тешко повредените е во сериозна здравствена состојба. Третиот повреден полицаец по укажаната лекарска помош во тетовската Клиничка болница е пуштен на домашно лекување, информираа извори од болницата.

 

 
 
10.06.2016 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега