Драма на македонските патишта - полцијата бркаше криминалци

Полициска бркотница вчера се одвивала во близина на Демир Капија.

Според информациите на МВР, вчера  во 01:40 часот од страна на полициски службеници во близина на село Удово кај тунелите Демир Капија, му дале знак застане на 35-годишниот А.Б  од Сарај-Скопје, кој управувал возилото „Рено Лагуна“ со кумановски регистарски ознаки, кој не застанал, туку ја зголемил брзината и продолжил кон Демир Капија.

Во близина на местото „Арсови Лаки“ бил фатен, а во возилото биле пронајдени 16 мигранти, 11 од Авганистан (пет малолетни), четири од Пакистан и еден од Иран. 

Во 01:45 часот возачот и лицата се приведени во полициската станица во Неготино, за понатамошна постапка. 

Од страна на судија за предходна постапка на А.Б. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

 
 
11.06.2016 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега