Пет лица тешко повредени - сообраќајки го потресоа Скопје

Нема крај на хаосот на скопските улици. Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди. Во четири со полесни повреди се здобиле пет лица, а пет поминале само со материјална штета.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. 

Девет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, четворица возачи поминале на црвено светло на семафор и девет возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувале на возилото.

Затекнати се и четири пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 72 возила.

Во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ ќе бидат реализирани едукативни работилници во детската градинка „Кочо Рацин“, објект „Бели мугри“ и во детската градинка „13 Ноември“, објект „Кукушка“ кои се наоѓаат на подрачјето на општина Центар.

 
 
14.06.2016 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега