Време: Пекол на 38 степени - доаѓа топлотен бран

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Во попладневните часови ќе има мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 30 до 38 степени.

Во Скопје сончево и топло, со температура до 35 степени.

Во наредниот период ќе продолжи сончевото и топло време, а особено топло се очекува во почетокот на следната недела кога температурата на повеќе места ќе надмине 35, а во југоисточните делови на земјата ќе достигне до 40 степени.

најчитано сега