Најниското ниво на невработеност во сите региони во Македонија

Историски најниското ниво на невработеност од 24,5% кое е постигнато во првото тромесечие од годинава, согласно последните податоци на Државниот завод за статистика е пропратено со намалување на бројот на невработени лица во сите региони и општини во државата.

Континуираното намалување на бројот на невработените лица кое во првите три месеци оваа година споредено со истиот период лани изнесува 31 илјада лица, е продолжување на процесот на постојано намалување на невработеноста која од 38% во 2006 година сега падна на 24,5%.

Овој пад на невработеноста се рефлектира со намалување на бројот на невработени лица во сите региони и општини во државата. За тоа говорат и податоците за бројот на невработени лица во дел од поголемите општини во државата во 2006 година споредено со бројот на невработени лица во 2016.

Согласно овие податоци евидентно е драстичното намалување на бројот на невработените лица во сите региони во државата кое некаде изнесува и до 50% и кое е од особено значење како за локалниот економски развој на општините така и за семејната егзистенција на десетици илјади семејства.

-Стратешка цел на владата е намалување на невработеноста, а притоа особено внимание водиме на реализација на овие политики на целата територија на нашата земја обезбедувајќи рамномерен регионален пристап и намалување на невработеноста во сите региони. Затоа и проектите коишто ги реализираме, странските инвеститори коишто ги привлекуваме, капиталните инвестиции коишто ги правиме ги распоредуваме во сите региони на нашата држава, на тојначин давајќи шанса и можности за обезбедување на нови работни места за целокупното население. Податоците покажуваат дека имаме намалување на невработеноста во сите македонски градови и села, што навистина е добар податок, а самиот факт дека во мандатот на владата невработеноста е намалена од 38 % на 24,5 %, а најдобар доказ е дека нашите политики и пристапот којшто го применуваме даваат квалитетни резултати, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Од Владата велат дека ваквиот пристап на работа во сегментот на понатамошно намалување на невработеноста ќе продолжи и во идниот период во кој се очекува и дополнително зголемување на бројот на работни места во домашните и странските компании  во повеќе региони во државата кои во следниот период се очекува да отпочнат со производство или да го зголемуваат бројот на вработените.

 

 
 
16.06.2016 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега