Внимавајте! - со горештините се зголемува и ризикот од појава на пожари

Со зголемувањето на температурите во Македонија се зголемува и ризикот од појава на пожари.

Центарот за управување со кризи упатува апел до граѓаните да внимаваат при посети на отворени места или при работни активности во шумите и други локации кои се со обрасната или необрасната шума и да не користат запаливи материи.

- Истовремено, ги потсетуваме граѓаните, доколку забележат одредени сомнителни места во кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 195, како број за итни повици на Центарот за управување со кризи, стои во соопштението од ЦУК.  

ФОТО: Нова Македонија

најчитано сега