Анкета: Груевски 25% - Заев 3%

По барање на Институтот Димитрија Чуповски, агенцијата “Ипсос Стратеџик Пулс“ спроведе истражување на јавното мислење по неколку политички прашања. Прашањата се однесуваат на довербата на граѓаните кај политичарите, нивното расположение за гласање доколку има избори, како и искажано мислење за досегашната седум годишна работа на премиерот Никола Груевски.

На прашањето, доколку има избори утре колку е веројатно дека ќе излезете на гласање, 62% од испитаниците одговориле дека сигурно ќе излезат на гласање. Значително помал е бројот на оние кои нема да излезат на гласање или веројатно би излегле да гласаат.

ВМРО-ДПМНЕ и во оваа анкета е во водство пред СДСМ. На прашањето за која политичка партија би гласале доколку излете на гласање, 36 проценти од анкетираните довербата ќе и ја дадат на владејачката парија.

Осумнаесет отсто би гласале за СДСМ, 10% за ДУИ и пет отсто за ДПА. Помал процентуален број незнаат или немаат одговор.

Истото прашање поединечно им е поставено на етничките Македонци и етнички Албанци.

Двојно е повисок процентот на Македонците кои својот глас, доколку има избори, би го дале за ВМРО-ДПМНЕ, 43%, додека за СДСМ би гласале 23 отсто од испитаниците.

Во албанскиот политички блок, довербата кај етничките Албанци, ја ужива ДУИ, за кого би гласале 43 отсто од Албанците, додека само 20% својата доверба би и ја дале на Демократската партија на Албанците.

И во двата случаи многу мал процент на граѓани немаат одговор или незнаат за која партија би гласале.

Политичар, пак, со најголема доверба во Македонија, е токму премиерот Никола Груевски. Од анкетираните лица, 25% имаат најголема доверба во Груевски.

Во Црвенковски доверба имаат само 5 проценти, а во претседателот на СДСМ веруваат 3 отсто од испитаниците. Најголема доверба како политичар, во Ахмети веруваат 7%.

Процентот на доверба кај премиерот Груевски се зголемува во одговорите кај на етничките Македонци. Најголема доверба во Груевски искажале 34 проценти од Македонците. Во Црвенковски веруваат 6 отсто Македонци, а во Заев три.

Триесет отсто од етничките Албанци имаат доверба во Ахмети, додека 9 проценти му веруваат на Тачи.

Кај испитаниците, високи 58% сумарно позитивно ја оценуваат работата на премиерот Груевски во изминатите 7 години. Дури 69 проценти од етничките Македонци сумарно имаат позитивно мислење на досегашната работа на Груевски. Кај етниќките Албанци помал е процентот на оние кои мислат позитивно за работата на премиерот.

Истражувањето било спроведено преку телефонска анкета на територијата на цела Република Македонија, врз репрезентативен примерок од 2000 испитаници во периодот од 26 јуни до 7 јули.

најчитано сега