Македонија има со што да се гордее: Огромен успех за нашата Мартија

Мартија Станојковиќ, 11-годишната Македонка која сите ги оставаше од емисија во емисија на Пинковите Ѕвездички без збор, заврши второпласирана. Убавата Македонка која изгледаше како светска дива, отпеа феноменално и без грешка до крај, но сепак титулата ја понесе малиот Марко Бошњак.

Таа за крај ја изведе нумерата "Writings on the wall", а жирито падна во транс. 

Ти си готова ѕвезда, готов производ, кога ти излегуваш да пееш никој не трепка, рекоа од жирито.

И нашата Антонија стигна до големото финале, меѓу десетте величенствени, но не влезе во последната шесторка.

Сепак, Македонија има со што да се гордее. Браво девојки!

 
 
04.07.2016 - 08:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега