Силното невреме во Скопје направи голем хаос - еве каде е интервенирано викендов

По невремето што го зафати Скопје во саботата попладне екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ извршиле повеќе интервенции за санирање на последиците од невремето, инфомира денеска Град Скопје.

Како што се наведува во соопштението на Град Скопје, на 40 локации во градот во текот на изминатиот викенд се расчистувани паднати дрвја и гранки, односно е интервенирано на булеварите „Александар Македонски“, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Илинден“, „Партизански одреди“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“, „Трета Македонска бригада“ и булеварот „Кирил и Методиј“,  кај Детска болница Козле, на улиците „Македонија“, „Цетинска“, „Благоја Перовиќ“, „Симеон Кавракиров“, „Киро Крстевски Платник“, „Вера Јоциќ“, „Лазар Личеновски“, „Лондонска“ и на улица „Бетовенова“, кај Момин Поток, кај хотел  „Холидеј Ин“, на кеј „Димитар Влахов“, во населбата Радишани, во Сарај спроти општината и вториот дел на Градски парк.

Во соопштението Градот Скопје, исто така, реагира на информациите објавени во дел од медиумите во врска со исечени дрвја кај Собрание во Општина Центар, посочувајќи дека станува збор за отстранување на паднати и искршени дрвја.

 
 
04.07.2016 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега