Издадени првите одобренија за градба по електронски пат

Општина Кичево пред два дена ги издаде првите две одобренија за градење по електронски пат во Македонија. Вкупното времетраење на електронската постапка, при издавањето на првото одобрение, изнесуваше 27 дена, а само ден потоа, општина Делчево, издаде одобрение за градба по електронски пат, за период од 22 дена. 

- Според рангирањето на Doing Business, светскиот рекорд за издавање на одобрение за градба, до крајот на 2012 година, изнесува 30 дена и го постигнал Хонк Конг, што значи нашите две општини го надминаа овој рекорд, посочуваат од Зедницата на единиците на локалната самоуправа на Рерпублика Македонија (ЗЕЛС).

- Воведувањето на овој информациски систем, од 1 јуни 2013 година, во согласност со Законот за градење, имаше за цел да го унифицира постапувањето од страна на надлежните органи и да обезбеди следење на роковите утврдени согласно Закон, заради што се очекува  и во иднина постапките да траат значително пократко, од периодот пред воведувањето на електронскиот систем. Тоа е возможно во услови кога подносителот на барањето за одобрение за градење, поднел комплетна документација, посочуваат од ЗЕЛС.

Со информацискиот систем „е – одобрение за градење” во моментов е овозможено електронско постапување по барања за издавање на одобрение за градење, доградба и надградба, а набрзо ќе биде овозможено, по електронски пат да се добиваат одобренија и за сите останати видови на барања, утврдени со Законот за градење.

најчитано сега