ЕВН најави исклучувања - кој ќе нема денеска струја?

Корисниците од улицата „Востаничка“ над број 82 во општина Кисела Вода денеска, од 8 до 15 часот ќе бидат без струја.

Во временскиот период од 8:30 до 9:30 часот без струја ќе бидат потрошувачите од селото Волково, улица „20“, а 8:30 до 17.30 часот дел од корисниците од улицата „Анастас Митрев“.

Од 9 до 10.30 часот без струја ќе бидат жителите од улицата „Христо Татарчев“ бр. 47, влез 4 во општина Кисела Вода. Од 9 до 15 часот потрошувачите од село Сопиште, Каменолом Беровиќ во оваа општина ќе останат без струја.

Без струја утре од 9 до 12 часот ќе бидат потрошувачите од Бањане, манастирот „Св.Илија“ во општина Чучер Сандево, а од 9 до 14.30 часот потрошувачите од Побожје.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во електросистемот.

 
 
07.07.2016 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега