Канческа-Милеска се сретна со оперската дива која го отвори „Охридско лето“

 

 Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска по отворањето на 56-то издание на фестивалот Охридско лето, синоќа се сретна со мецосопранот Елина Гаранча од Летонија и романскиот диригент Ион Марин. 

Таа им го честиташе успешниот настап на нашиот најреномиран музичко-сценски фестивал и им подари карактеристични и впечатливи артефакти преку кои големите уметници ќе го чуваат споменот за Охрид и „Охридско лето“.

На Елина Гаранча и подари накит со македонски рубин, додека на Ион Марин, приказ на сребрена пафта која е дел од нашето богато културно наследство.

И на двајцата ексклузивни гости, Канческа-Милевска им подари и примероци од фото-монографијата „Чудесна Македонија“ во која се прикажани убавините на нашата земја.

 
 
13.07.2016 - 08:59
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега