АРМ објави нов конкурс
Министерството за одбрана на Република Македонија денес го објави новиот конкурс за идни пилоти во Армијата на Република Македонија.
-Ги повикуваме сите млади лица до 27 годишна возраст, кои ги исполнуваат општите и посебните критериуми и кои имаат силна мотивираност да бидат дел од воздухопловните сили на Армијата на Република Македонија, да се пријават на Конкурсот. Идните потенцијални пилоти ќе имаат можност да се обучуваат во Центарот за обука на пилоти од високо квалификувани професионалци од Израел и Македонија, соопштуваат од Министерството.
Сите подетални информации во однос на Конкурсот може да се пронајдат на веб страната на Министерството за одбрана www.morm.gov.mk и на веб страната на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје www.ma.edu.mk .
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа