Груевски денеска на терен со набиена агенда

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски деес ќе оствари посета на Општина Долнени. Според најавата Груевски ќе присуствува на повеќе настани.

Во 12:30 Груевски ќе присуствува на камен темелник за изградба на локален пат с. Дупјачани – с. Небрегово, а потоа ќе ја поети спомен куќата на Блаже Коневски во Небрегово.

Агендата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со увид во активности при реконструкција на Дом на култура  Ропотово, изградба на повеќенаменско игралиште и  средба со жителите на Ропотово.

Планирано е тој да изврши увид и во активности за изградба на регионалниот пат с. Ропотово – с. Црнилиште – с. Лажани.

Посетата на општина Долнени ќе ја заврши со  посета на реконструираниот монашки конак и партерно уредување во Манастирскиот комплекс “Св. Преображение” во с. Зрзе и посета на патниот правец с. Костинци – с. Зрзе – Манастир “Св. Преображение”.

 
 
13.07.2016 - 11:33
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега